Давид Бабунски со својот прв статус на „Фејсбук“ со кој ја опиша ситуацијата во македонскиот фудбал ја разбранува јавноста. Фудбалската федерација на Македонија одговори на прозивањето од Бабунски, но интернационалец во Барселона возврати со нов удар до врвот на фудбалот.

– Моите реченици не биле вистина? Ја лажете јавноста дека се е ОК? Веројатно и ги уценувате и барате поддршка од тие кои ги раководите? Мене нема да можете! Јас сакам да играм фудбал. И секогаш ќе се борам со сите сили за тоа. Моите отсуства за репрезентацијата секогаш се одразуваат на клупските обврски. И јас пак доаѓам затоа што сум дете родено во Македонија. Или ќе играме фудбал по сите светски врвни норми или ќе имате проблем со борци како мене. Борци против корупцијата во светот, борци против луѓе што лажат и го манипулираат народот за да се пунат со пари. Тоа ме мотивираше да го напишам ова. Ако треба и пешки ќе дојдам до Македонија за да го бранам дресот. Ама против корупцијата? Против оваа човечка несвесност и лоша душа? Не можам да молчам и да не реагирам. Наскоро ќе ја добиете листата на сите проблеми/ информации, јавно нека читаат сите за да знаат како тоа ние правиме фудбал? Го тргнавте Горан бидејќи ви пречеше, сега јас сум ви на ред? И не ме интересира ни кој е селектор ни што се планирате со него. Кој и да е, каде и да е. Реков или имаме квалитетен фудбал или ќе се соочите сега и со следното од мене. Немој да мислите мене дека со вашите тапкања по грб ќе ме спречите како други што имаат се да кажат а молчат – стои во статусот на „Фејсбук“.

Дали е со овие изјави младиот Бабунски ја отвара пандорината кутија од која ќе излезат уште многу пикантерии и скриени тајни.

Мх.П.