Репрезентацијата на Македонија до 21г. утре во Куманово со почеток во 16.30ч (Пренос МТВ 1) го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на С. Ирска. По тој повод денеска во х.Континентал прес конференција на селекторот Бобан Бабунски:

– Ова е значаен натпревар за нас но не и решавачки иако нашиот императив е победа. Во овој период од годината нашите играчи се во најдобра форма, технички сме подобро подготвени од противникот и пред се што е најважно комплетни. Противникот игра типично англиски стил на игра и иако нема постигнато многу голови во овие квалификации сепак е доста опасен и игра офанзивен фудбал што можеби во оваа ситуација ќе ни одговара.

– За нас е важно да го задржиме нашиот модел на игра, кој веќе е препознатлив. Да создаваме шанси и со трпелива игра, пред се, да дојдеме до целта. Засега здравствениот билтен е добар и она што е најважно за мене и што ме импонира е што играчите полни со самодоверба, размислуваат победнички. Се надевам дека тоа ќе се почувствува во играта и ќе се наметнеме со своите квалитети над противникот кој има нов селектор и неколку нови играчи за разлика до претходните средби.

– Се уште ја анализираме играта на Северна Ирска и пред самиот натпревар ќе одлучиме со кој состав ќе настапиме- изјави пред нoвинарите селекторот Бобан Бабунски.

Ohridnews