Фудбалерот на Ливерпул Рајан Бабел ќе мора пред Арбитражната комисија на Фудбалската Асоцијација на Англија да објаснува зошто на својот Твитер профил прикачил слика на судијата Хаувард Веб во дрес на Манчестер Јунајтед, и притоа напишал коментар “ И него го сметаат за еден од најдобрите судии, тоа е смешно“.
Бабел во меѓувреме ја тргнал сликата на судијата кој доста лесно во првата минута од мечот во ФА купот покажа на белата точка за Манчестер Ј, по стартот на Агер над Бербатов. На Твитер профилот на Бабел по отстранувањето на сликата стои “Извини Хаувард Веб“.
Ваквиот начин на комуникација не е непознат за Бабел. Тој пред некое време на својот профил го критикуваше бившиот менаџер на црвените Рафа Бенитес.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com