Керол Вон од Бирмингам, Англија, почнала да собира сапуни. Грижејќи се за својата болна мајка си го исполнувала времето правејќи колекција од сапуни. Носела дури и од Австралија. Каде и да одела само барала нови. Ја воодушевувале нови облици посебно ако биле несекојдневни.


Вели дека омилен и е оној во форма на Дедо Мраз. Го купила во продавница во Бирмингам и едноставно го обожавала. На едно патување во Мароко го прославила 65-от роденден и ја обновила својата колекција со 13 нови сапуни. Сега хобито просто и станало опсесија. Досега има собрано над 5000 сапуни.