Една 81 годишна германка која тргнала на гробишта со својата инвалидска количка на електро погон , одлучила да тргне по пократок пат и завршила на автопат возејќи во спротивна насока.

Количката се движела со брзина од шест километри на час. Возилата на германските автопатишта мораат да се движат со брзина од најмалку 60 км/час, а на некои делови на патот нема максимално ограничување на брзината.

Возачите ја забележале жената и ја информирале полицијата, која ја тргнала жената од патот.

Ј.М.