Бабата се налутила на отровницата која ја каснала за раката, па ја задавила со голи раце. Таа излегла на тремот и не знаејќи за што станува збор ја оттурнала змијата со бастунот. Потоа се наведнала да ја тргне од тремот, но змијата долга 18 сантиметри ја каснала за средниот прст од раката. Старицата се налутила и ја убила.


Потоа се вратила во куќата и се прободела со игла за да истече отровот, а раната ја полила со алкохол. Бидејќи не зборувала англиски морала да ја повика својата ќерка за да ја одведе на лекар. Сега старицата се наоѓа во болница со отечена рака, но многу брзо ќе заздрави.