Една стара баба која има 104 години, во изминатите 84 години бесплатно ги чисти улиците во својот град. Таа се омажила кога имала 20 години, а заедно со нејзиниот сопруг воделе ресторан специјализиран за повеќе видови чаеви. Од тогаш има навика секојдневно да ги мете улиците.


-Ги чистевме улиците секој ден од пристаништето па се до нашиот ресторан, рекла старицата, која многу добро се држи за своите години.
Иако го затворила ресторанот уште пред неколку години, бабата не може да се одвикне од долгогодишниот утрински ритуал. Има добиено бројни награди и признанија од заедницата. Со текот на годините станала  славна личност која локалното население премногу ја почитува.