Оваа баба од градот Тенби во Велс, редовно се логира на Фејсбук преку лаптопот на својот внук. Таа по тој пат често комуницира со своите пријатели, но и ги прати случувањата во животите на своите седум внуци и 13 правнуци. Госпоѓата Лов ја презела титулата за најстар корисник на Фејсбук од Ајви Бин (104), која починала во јули.


Го препорачала Фејсбук на сите баби и дедовци кои сакаат да одржуваат контакт со семејството. Рекла дека секогаш ужива кога ги чита пораките и ги гледа фотографиите на своите најблиски. Таа неколку пати неделно се логира на Фејсбук, па затоа планира да купи еден компјутер за себе.