Барбара Дисон, 73 годишна баба од Лидс, станала најстара носителка на црн појас во Британија. Поранешната медицинска сестра му ветила на покојниот сопруг дека ќе научи некоја боречка вештина.


Почнала да оди на часови за карате со својот внук кој се откажал стигнувајќи до црвениот појас. Бабата била поупорна и тренирала 4 пати неделно. Го положила црниот појас и го исполнила ветувањето дадено на мажот.