Ча Са Сун (68) од Јужна Кореја конечно од 950 обиди го положила возачкиот испит. Од 2005 година скоро секојдневно го полагала писмениот тест на кој за да положи требало најмалку 60 проценти точни одговори. Но таа секогаш добивала по 30 до 50 проценти точни одговори.
Сега го положила со минималниот број потребни поени. За секој обид плаќала по околу 3 евра, но била многу упорна бидејќи и бил потребен автомобил за доставување на намирниците. За сега сеуште нема да купи автомобил бидејќи ја чека полагање и на практичниот дел од возачкиот испит.