Една Канаѓанка е уапсена на Јамајка откако во нејзиниот багаж биле откриени 3,6 килограми марихуана, и е осудена на казна затвор поради криумчарење дрога.


Маргарита Ланкастер Рид (71) од Онтарио ќе остане во затвор три месеци доколку не ја плати казната од 1200 долари.
Таа изјавила дека е виновна и го признала делото. Полицијата ја уапсила на меѓународниот аеродром Доналд Сенгстер. Таа откако и ја откриле дрогата, за медиумите изјавила дека носи само некакви билки.