Педи Џонс ги шокирала гледачите и судиите со својата техника, која вклучувала вртења, скокови и разни други акробации. Таа започнала да посетува курс за салса пред пет години, откако и починал сопругот. Носејќи син фустан, таа се појавила на подиумот со 40 години помлад партнер.
Џонс, која сега живее во Шпанија изјавила дека е многу среќна што е се уште способна да танцува и додала дека тоа ќе го прави додека може. Медиумите навеле дека таа била професионална танчерка во младоста. Започнала да танцува на возраст од две и пол години, фокусирајќи се на балетот.