Американката Едит Кишмаер, која во четвртокот наполни 106 години, официјално е најстариот корисник на Фејсбук и на мрежата има повеќе од 45 илјади пријатели. Профилот го направила минатата година благодарение на помошта од своите пријатели од медицинската установа „Дајрект Рилиф“. Освен тоа, таа е и најстариот возач во Калифорнија како и најстариот жив дипломец ид Универзитетот Чикаго. На почетокот не можела да се пријави на Фејсбук поради ограничувњата кога станува збор за годините. Имено, кога се регистрирала не постоела опција кај датумот за раѓање каде требало да наведе дека е родена 1908 година.

За инженерите на Фејсбук ова претставувало голем проблем кој го решавале месец дена како Едит би можела да се пријави. Дотогаш никој на тие години не се обидел да направи профил на оваа друштвена мрежа. Таа вели дека многу често е на Фејсбук преку кој комуницира со своите пријатели и семејството. Меѓутоа, таа не ја потценува силата на пенкалото бидејќи секој вторник оди во медицинската установа од каде испраќа писма до донаторите и помгачите на оваа хуманитарна установа во која работи повеќе од 40 години. На Фејсбук има преку 45 илјади пријатели, а страната на  „Дајрект Рилиф“ која ја отворила минатата година има повеќе од 105 илјади лајкови.