Три генерации жени во едно семејство во Минесота се родени на исти ден и месец. Рејчел Кеп на својот роденден, на први јуни, кога наполнила 29 години ја родила ќерката Рокси. Тие две го делат роденденот и со мајката на Рејчел, односно бабата на Рокси пола, која на истиот ден наполнила 56 години.
Пола изјавила дека додека нејзината ќерка била млада сакала да и подари „посебен“ роденден, но сега и било драго што секогаш слават заедно и што ќе слават и со малата Рокси. Според пресметките, шансите мајката да роди дете на својот роденден изнесуваат еден спрема 133 илјади.