Ела Орко (86) веќе повеќе од 50 години краде по продавниците низ Чикаго. Досега ја привеле 61 пат. Минатата седмица во еден супермаркет во пантолоните пикнала лосос, крем, батерии, кафе и уште некои ситници вредни околу 200 долари.
Ја обвиниле за кражба и ја задржале во притвор, а судијата и одредил кауција од 5000 евра. Од полицијата велат дека низ годините старицата постојано го менувала името, а од првото апсење во 1956 година ја осудиле 13 пати.