Американката Глорија Мекензи од местото Зепирхилс на Флорида, која има 84 години, е добитничка на џекпот во износ од 370,8 милиони долари на популарната Пауербол лотарија. Таа всушност освоила 590,5 милиони долари, но одлучила добивката да ја подигне одеднаш, наместо на 30 годишни рати, па така сумата била намалена. Законот на Флорида предвидува името на добитникот да мора да се објави, што било направено на конференција за медиумите во седиштето на лотаријата на Флорида.
Госпоѓата Мекензи се појавила пред камерите заедно со синот Скот, лицата им биле покриени со темни очила, и не сакала да дава изјави. Медиумите навеле дека Мекензи добитното ливче го купила за два долари, на 18 мај, во еден супермаркет, и со тоа станала поединечно најголемиот добитник на лотарија во историјата на САД. Најголемиот џекпот во историјата на американската лотарија бил извлечен минатата година, 656 милиони долари, но тој износ морале да го поделат тројца добитници.