Недовербата во банките или којзнае што ја натерало една пензионерка од Германија да ја чува својата заштеда од 600.000 евра во кутија за чевли.

Бабата поради болест морала да биде пренесена во болница, но инсистирала на тоа да ја земе со себе кутијата за чевли.


Кога вработените во болницата ја отвориле кутијата, во неа пронашле 600.000 евра. Парите во текот на ноќта биле „на сигурно“, во плакар со лековите под клуч, но утредента управникот на болницата, кој заштедата од бабата сакал да ја однесе во банка, во кутијата нашол само 540.000 евра.

На сцена стапила германската полиција, која започнала истрага дали болничарите шокирани од сумата во кутијата погрешно ги пребројале парите, или некој од вработените за време на ноќта имал долги прсти.