Народниот театар од Охрид во вторник, 5-ти декември, премиерно ќе ја изведе претставата „БААЛ“, работена по делона Брехт, а во режија на Андреј Цветановски.

Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“. – вели режисерот Цветаноски.

Во претставата играат:

Горан Стојаноски
ЖНикола Тодороски
Јасмина Билаловиќ
Адријана Билаловиќ Тодороска
Дамјан Цветановски
Стрезо Стаматовски
Биљана Билаловиќ Вељаноска
Павел Маслов
Филип Кипровски
Тони Денковски

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.

Претпремиера на претставата ќе има во понеделник 4-ти декември во 20:00 часот, а премиерата е во вторник, 5-ти декември во 20:00 часот.

Картите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цена од 200 денари за претпремиера и 300 денари за Премиера. 

OhridNews