Само убавината може да го спаси светот, вели една позната мисла. А денес убавото ни е потребно повеќе од било кога, да ги потисне сите тешки моменти со кои се соочуваме. За среќа, Охрид е обдарен со убавина, но таа треба да се почувствува.
На 1100 метри надморска височина, над Коњско, со поглед на езерската шир од кој застанува здивот, ќе ве освои празничниот амбиент на магично украсениот туристичкиот комплекс „Минами“ кој наликува на разгледница од најатрактивните зимски дестинаци.
Преубавиот комплекс „Минами“ ги отвори вратите за претстојните празници на својот ресторан и сместувачките капацитети, кои работат според сите протоколи за заштита на здравјето на посетителите. Уживањето во „Минами“ го комплетира и одличната понуда на атв тури низ прекрасните предели на Галичица.
Амбиентот кој за новогодишните и божиќните празници ги краси европските метрополи сега е блиску до нас. Празниците, пак, се можност да се препуштиме на чувствата, во идиличната зимска атмосфера на прекрасно украсениот Комплекс „Минами“.
OhridNews