Драган Бајиќ синоќа со пораз дебитираше на селекторското место на македонската кошаркарска репрезентација, во официјален натпревар. Неговите избраници загубија од Швајцарија во првото коло од претквалификациите за Светското првенство 2023.

Уште на тренингот почувствував некоја нервоза во тимот и поради тоа сметам дека дојдовме до некои грешки во играта. Тоа што вечерва го забележав е дека влеговме во некој огромен грч поради кој останавме без енергија и без сила, а со самото тоа и без концентрација. Многу промашени зицери, сигурно некои 8-9 лесни поени, седум промашени слободни фрлања што можеби на крајот и беше пресудно кога во вториот дел успеавме да ја намалиме разликата, но и покрај тоа правевме грешки. Не се снаоѓавме добро со нивната одбрана. Не губиме многу со овој пораз, треба да се анализира натпреварот, да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме преостанатите натпревари, изјави Бајиќ.

Следниот дуел на македонските кошаркари во „балонот“ во Скопје, е утре со селекцијата на Словачка.

 

 

ОhridNews