Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.

Тој е воен злосторник“, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа. Тој, исто така, го обвини рускиот претседател за „силно уништување во Украина, бомбардирање згради, породилишта и болници.

Реагираше официјален Кремењ, кој реториката на американскиот претседател ја оцени како неприфатлива.

Сметаме дека е неприфатлива и непростлива ваквата реторика на шефот на државата од чии бомби загинаа стотици илјади луѓе низ целиот свет, изјавил за ТАСС портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Претходно, Бајден најави дополнителна воена помош за Украина во износ од 800 милиони долари, која меѓу другото вклучува беспилотни летала, системи за противвоздушна одбрана „Стингер“, автоматски пушки, минофрлачи и муниција.

Ќе и дадеме на Украина оружје за борба и одбрана во тешките денови што претстојат, рече Бајден.

Потоа прес-секретарката Џен Псаки рече дека „забелешките на претседателот зборуваат сами за себе“, Таа нагласи дека Бајден „зборува од срце“.

OhridNews