„Горан Пандев е еден од играчите кои ја одбележаа клупската сезона што му претходеше на Светското првенство, меѓутоа го нема во Јужна Африка, бидејќи селекцијата на Македонија не избори пласман, па фудбалерот на Интер ќе има слободно лето“, наведува Б92.
Порталот во својата обемна репортажа на читателите им ја претставува целата биографија на Пандев од неговото раѓање во 1983 година во Струмица, преку фудбалските почетоци во Беласица, патешествијата во Лацио и ѕвездените мигови во Интер.
Авторот на текстот наведува дека својот огромен талент Пандев најдобро го покажал во првата сезона за Лацио, постигнувајќи незаборавен погодок против Јувентус во Торино, предриблувајќи ја комплетната одбрана на противникот, која тогаш важеше за една од најдобрите во Европа.
Пандев со 23 постигнати гола во дресот на националната репрезентација е најдобар стрелец во истријата на Македонија.
Ohridnews