Осум деца, припадник на обезбедувањето и професорка се убиени кога 14-годишно момче пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави Б92, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда. Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука кон учениците, потврдено за Б92.
Едно дете е животно загрозено и во моментов е на операција каде му се третира повреда на главата. Други две деца се хоспитализирани со прострелни рани и во моментот се на интензивна нега.
Полицијата го уапси седмоодделенец осомничен дека утрово во 8 часот и 40 минути испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец кон учениците и обезбедувањето на училиштето, јави агенцијата Бета. Полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан, соопшти српското МВР.
Исто така се наведува дека полицијата, по добиена пријава, ги испратила сите расположливи патроли и веднаш излегла на терен.
OhridNews