Канадскиот фудбалски репрезентативец Тејџон Бјукенен ги напушти редовите на белгиски Бриж и потпиша четири и полгодишен договор со Интер, објави денеска актуелниот лидер во италијанското првенство.

Интер не ги објави финансиските детали од договорот, а италијанските медиуми наведуваат дека трансферот на 24-годишниот дефанзивец, заедно со бонусите, е вреден десет милиони евра.

Бјукенен е првиот канадски фудбалер кој ќе игра во Серија А.

Интер е првопласиран на табелата во италијанското првенство со 45 бодови, два повеќе од Јувентус на второто место.

OhridNews
Фото: МИА/Фејсбук