Репрезентација на Италија со 89-70 ја победи Македонија и се пласираше во финалето на кошаркарскиот турнир во Бормио, Италија.
Победникот на мечот беше одлучен по првиот период кој домаќините го добија со 18-6. Во продолжението, нашите беа рамноправни 23-22 во вториот период, 23-23 во третиот период, разликата беше надополнето во последниот период кој заврши со 25-19 за “аѕурите“.
Предраг Самарџиски со 14 поени беше најпрецизен, Илиевски уфрли 12, додека Д.Стојаноски 13, а В.Стојаноски 10.
Во мечот за третото место Македонија ќе игра против Канада која прептрпе пораз од Бугарија со 79-72. Финалниот меч меѓу Италија и Бугарија се игра во 17.30 , додека мечот за третото место се игра во 21 часот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com