Руските научници и жителити на крајбрежието на Азовското море останаа шокирани откако морето доби темна црвена боја.

Азовското море е најплиткото море на светот, а просечната длабочина му изнесува 7 метри, додека најдлабоката точка има само 14 метри.
Феноменот бил забележан од населбите кои се наоѓаат во близина на морето и истиот предизвикал паника помеѓу населението.
Локалната власт се труди да го смири населението и пренесува дека тоа е нормална појава која се случува ретко но сепак може да се објасни преку природни процеси.
Иако се мисли дека тоа е природна појава вистинската причина сеуште не е откриена и не е исклучена можноста да се работи за загадување од токсини.