Македонското стопанство е исправено пред сериозен предизвик од кој зависи иднината на мнбогу бизниси, предупредува првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески. Причина за тоа е цената на електричната енергија на светските берзи и отуството на реакција на државата на апелите и предупредувањата на стопанството во изминатите 11 месеци.

Во овие 11 месеци издадовме стотици соопштенија, напишавме 10-тици колумни, одржавме уште толку средби и разговори со Владата и денеска се наоѓаме пред неделата во која мораме да ги знаеме позициите од кои зависат понатамошните одлуки. Значи неделата „Д“ е пред нас, ние сме спремни за разговори со потребното ниво на мобилизација и аргументи но и оценки за моменталната реалност кои што се над најпесимистичките прогнози (512 евра за мегават час, цена на HUPEX берзата на 20.8.2022 година). – вели Аазески.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика 594.243 лица се вработени во приватниот сектор, потсетва Азески, посочувајќи дека бизниоот е единственото врзно ткиво во сите поделби кај нас и во регионот.

На бизнисот во овој момент му е потребна самодоверба затоа што оваа битка може да ја добијат само луѓе што ја сакаат татковината, што имаат срце и многу знаење, а ако такви немаме треба да си „купиме“ од странство затоа што за жал светот така функционира. Четврто, после решавањето или поточно обидот за решавање на трите клучни наметнати прашања од страна (името, јазикот, црквата), што не чинеа 30 години стагнација ние имаме една опција, да ги засукаме ракавите, да се обединиме и да работиме. – истакнува Азески.

По повод 100 годишнината од своето постоење Комората излезе со Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки.

Сега нам ни треба најдобрите претставници на бизнисот да седат на седниците на Владата и Парламентот каде се носат крупните одлуки, да наши и владини претставници заеднички одат во САД и Германија, заедно да побараме помош од нашите стратешки партнери за градба на енергетски објекти што ќе го намалат овој диспаритет а не да ги броиме неуспешните тендери кои достигнуваат двоцифрени бројки. – истакнува Азески.

Тој посочува дека 80% од инфлацијата моментално доаѓа од увозот на храна и енергенси. Само за пример храна оваа година ќе увеземе за 700 милиони евра. Што е апсолутен дебакл на нашата 30 годишна самостојност, со потрошени над една милијарда субвенции без конкретна додадена вредност и без стратешка национална свест и визија, смета Азески..

OhridNews