Преродениот Азербејџан гради кули од пламен и вселенски хотели, а се со цел да го украдат од Дубаи приматот на архитектонски лидер во современиот свет. Порано познат како „црниот град“ поради нафтените загадувања, главниот град Баку сега се збогатил со природни ресурси и работи на трансформација на средновековните куќи и станови од Советскиот период.

Градот станал преполн со впечатливи објекти, почнувајќи од телевизиската кула па се до комплетната „Пламен кула“. Јавните планирани проекти ќе го преименуваат овој град во „Бел град“, со повеќе патишта, паркови, со подобрување на снабдувањето со вода и интернет врските, а следниот голем проект е хотелот “Crescent”, со 33 ката во форма на полумесечина кој ќе се најде на брегот на Каспиското Море. Хотелот би требало да биде завршен до 2015 година, а неговиот сестрински проект ќе се вика “Full Moon Hotel”.