Еден Азар со маестрален погодок после соло продор во 86-та минута го одлучи победникот на дуелот помеѓу Ливерпул – Челси (1-2) во четвртата рунда од англискиот Лига куп. Белгиецот нанижа неколку фудбалери пред да ја смести топката во мрежата на противникот.
После натпреварот запрашан од новинарите дали постигнатиот погодок е гол на неговата кариера Азар одговори дека може да конкурира во ТОП 3, но не и дека е најдобар. Белгиецот рече дека го издвојува погодокот со Арсенал на Стемфорд Бриџ пред две сезони во Премиер лигата.
- Имам постигнато неколку вакви погодоци, затоа ќе го сместам во ТОП 3. Секогаш се сеќавам на погодокот со Арсенал на домашен терен, тој гол беше нешто посебно. – изјави Азард.
Дуелот помеѓу Ливерпул и Челси во Лига купот беше најава за дерби кое ги очекува во Премиер лигата. В сабота со почеток во 18 часот и 30 минути ќе се судрдат повторно но во Лондон.
OhridNews