Фудбалерите на Челси се искачија на третото место од табелата во англиската Премиер лига после победата над Вест Хем (2-0) пред своите гледачи на „Стемфорд Бриџ“.
Творец на победата беше Еден Азард. Репрезентативецот на Белгија два пати го матираше Лукас Фабијански. Брзоногиот фудбалер за 1-0 погоди во 24-та минута, а печат на победата стави во 90-та минута.
Челси, моментално е трет, но има меч повеќе од Тотенхем и Арсенал, кои ако победата ќе го симнат градскиот ривал на петтото место. Шестопласиран е Манчестер Јунајтед.
OhridNews