Најдобриот фудбалер во редовите на Челси, Еден Азард ги уплаши симпатизерите на лондонските „сини“ изјавувајќи дека во летниот преоден рок можи да го напушти клубот и среќата да ја проба во друга средина.
- Во јануари ќе имам уште една година од договорот. Ако не го продолжам, заминување од Челси ќе биде најреална опција. Можеби ќе го променам клубот, но морам да признам дека постои шанса да останам на Стемфорд Бриџ уште долго време. – изјави Азар.
Белгиецот отфрли можност за трансфер во јануари и преселба во Пари Сент Жермен. – Не можам и не смеам тоа да им го направам на навивачите Челси и управата, а ниту на Лил, кој за мене е единствен клуб во Франција. Јас ги почитувам вредностите и затоа не сакам да ги повредам оние кои ме ценат и бодрат.
27-годишниот фудбалер во Челси се пресели од Лил 2012 година. Во дресот на „сините“, Азард има 220 настапи и има постигнато 76 погодоци.
OhridNews