На 25- ти јуни, среда, од 19 до 22 часот во книжарницата „Просвета“ охриѓани ќе имаат можност да се дружат со македонската писателка Рада Петрушева, автор на „Улогата на тангата и нејзиното влијание при изборот на пердето во кујна“ и „И ѓаволот чита (п) Рада“, книга која за кратко време по издавањето ги сруши рекордите на најбрзо исцрпен тираж од 1000 примероци, по што доживеа и второ издание.
Присутните ќе се запознаат со делата на Петрушева, пиејќи чај со неа и слушајќи ги нејзините приказни.
OhridNews