Британката Ј.К. Ровлинг, авторка на бестселерот за малиот волшебник Хари Потер, ја заслужи најголемата чест во својот живот. Во Франција е назначена за витез.
Орденот на престижната легија на честа го прими од францускиот претседател Николас Саркози. На свеченоста во англиската палата, Ј.К. Ровлинг говорејќи на француски, ги уверувала присутните дека името на својот главен негативец, лордот Волдеморд, не го одбрала затоа што негува антифранцуски чувства.