Еден жител на Нов Зеланд по чија влезна врата две момчиња нацртале графити, ги фатил и ги натерал да танцуваат додека дојде полицијата. Сопственикот на куќата ги внесол момчињата во дневната соба каде им наредил да танцуваат додека ги снимал со камера.
Откако дошла полицијата и ги привела, снимката ја поставил на Ју Тјуб. Ги натерал да танцуваат за да ги понижи и мисли дека успеал во тоа.