Царинската управа во камион на автопревозник од Охрид на граничниот премин „Табановце“ ноќта помеѓу 5 и 6 јуни запленила 38 екслузивни бунди со потекло од Италија, кои требало да завршат на српскиот пазар.

Шефот на царинската испостава „Табановце“, Саша Глишиќ информираше дека камионот во кој се пронајдени бундите, како и обувки и друга непријавена текстилна стока, е во сопственост на охридска фирма. Возачот на камионот, македонски државјанин против кого ќе биде поднесена кривична пријава, ја внел непријавената стока во Макеоднија преку граничниот премин „Ќафасан“.

Вредноста на шверцуваната стока се проценува на 27.600 евра, а царината се сомнева дека дел од неа била украдена од бутици во Италија.

ohridnews