Службениот автомобил на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, алфа ромео кабриолет, продаден е за 180 илјади евра на аукција која во саботата била одржана во француското летувалиште Кан-Карпике. Станува збор за единствен модел, произведен во 1937 година за италијанскиот крал Виктор Емануел Трети, кој подоцна ќе стане службен автомобил на италијанскиот диктатор.
Автомобилот, кој е во многу лоша состојба, го купил неименуван руски музеј кој ќе мора да потроши уште доста пари како барем приближно му го вратил некогашниот сјај. Посебно страдале посребрените делови на автомобилот како што се кваките, предната хауба и командната табла.