Џејмс Бонд отсекогаш имал најдобри автомобили кои возат по земја, по вода, па и во воздух. Славниот агент 007 добил своја изложба под наслов “Бонд во движење“, а на неа ќе можат да се видат дури 50 возила кои агентот ги користел во своите филмови.

Поводот е педесетгодишнината од првиот филм Џејмс Бонд, славниот хит ‘Dr. No’ во кој за прв пат се појавил и неговиот омилен автомобил Aston Martin.