Горко искуство доживеаја дузина македонски навивачи, меѓу кои и охриѓани, кои допатуваа со автомобили во Амстердам да го следат натпреварот помеѓу фудбалските  репрезентации на Холандија и Македонија, што се одигра вчера во рамки на Европското првенство.  Имено, повеќе автомобили на македоснки фанови, за време на одигувањето на натпреварот биле обиени и ограбени. Одземени биле лични документи, разни предмети и добра, како и поголема сума пари.

Македонските фанови се разочарани од односот на домаќините, но и од тамошната полиција, за која велат дека дошла на местото на настанот дури два часа по пријавувањето на инцидентот.

Г.М.