Англискиот град Милтон Кејнес ќе биде првиот град во кој, како средство за јавен превоз, ќе се воведат автоматски автомобили без возач кои ќе се обраќаат во кругот на градскиот центар. Веќе на почетокот на 2015 неколку модели од автоматските автомобили ќе бидат на проба, а од 2017 сто примероци автономни автомобили ќе се обраќаат во градот. Бизнис секретарот Винс Кејбл соопштил дека превозното средство на иднината ќе има посебни ленти по кои ќе ги превезува патниците, а секое возило ќе биде опремено со сензори за избегнување судар. Малите автомобили со капацитет за два патници ќе имаат максимална брзина од 20 километри на час, а во внатрешноста патниците ќе можат да проверат електронска пошта или да сурфаат на интернет на патот до својата дестинација.
Кејбл рекол дека до 2050 година многу мал број автомобили ќе користат мотор со внатрешно согорување, па многу е важно британската автомобилска индустрија да биде една од најнапредните во тој сегмент. Покрај проектот а автономни градски автомобили, Кејбл истовремено предложил и голем проект за производство и тестирање мотори со низок коефициент на емисија на штетни гасови. За сега не се познати повеќе информации, освен дека возилата ќе имаат три тркала, а со оглед на тоа што голем број големи производители како Волво, Нисан и Тојота веќе работат на вакви автомобили, само е прашање кој ќе влезе во проектот во Англија.