Автомобил заврши заглавен во ѕид на зграда во Јужна Калифорнија, откако возачот со огромна брзина излетал од патот, удрил во оградата и завршил во вториот кат на зградата каде што имаlo стоматолошка ординација. Сликите од локалната пожарна служба го покажуваат белиот „седан“ kако виси заглавен во зградата.
Стефан Хорнер, портпаролот на пожарната управа на округот Оринџ, изјави дека официјалните лица добиле повик дека се случила несреќа во Санта Ана, Калифорнија, околу 5:30 часот.
Во автомобилот имало две лица – еден од нив успеал да излезе, додека другиот бил заглавен повеќе од еден час. Потоа двајцата биле однесени во болница со мали повреди. Полицијата информираше дека возачот признал дека користел наркотици. Пожарникарите користеле кран за да го извлечат возилото надвор од зградата.