Класичен модел на “Бугати“, кој 50 години собирал прав во гаража во Тајнсајд, би можел да достиге цена од три милиони фунти на претстојната аукција.

Роднините на повлечениот доктор Харолд Кара од Њу Кастл откриле модел “57S Atalantа” од 1937 година во гаража, откако тој починал во 2007 година.


Се претпоставува дека автомобилот, сега класика, е еден од вкупно 17-те вакви автомобили. Оригиналниот сопственик бил Кар, кој бил хирург во војската. Тој му го оставил автомобилот на своето семејство, а во гаражата исто така е пронајден и класичен модел на “Astona Martin” и еден  “Jaguar” тип Е.

“Atalante”, кој ќе се најде на аукција во Бонаму во Париз во текот на наредниот месец, има поминато, се на се, околу 40 000 километри.