Од силниот удар на лице место починал, совозачот на автомобилот, седумдесет и едногодишниот Хасан С. , од гостиварското село Калишта, додека возачот и другите тројца сопатници се здобиле со тешки повреди, пренесува „Макфакс“.
Возачот и сопатниците биле пренесени во гостиварската болница, но поради сериозноста на повредите биле префрлени во скопските клиники.
Сите што се наоѓале во автомобилот биле роднини од селото Калишта. Според првичните информации, до сообраќајката дошло поради неприлагодена брзина.
извор: „Макфакс“