Вчера вечер во 19.30 часот на регионалниот пат Св.Наум – Охрид, на излезот од селото Пештани, патничко возило „Опел Астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано 31-годишно лице од Охрид, изгубило контрола и се превртело, информира СВР Охрид.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.
Увид извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews