Патничко возило ноќеска околу 1:30 часот се превте на булеварот „Туристичка“ во Охрид во близина на Приватната здравствена установа „Маџаров“.

Како што информираат од СВР Охрид, во незгодата со лесни телесни повреди се здобила млада жена која го управувала возилото.

Кај возачот утврдено е присуство на алкохол од 1,4 промили, посочи портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на настанот извршен е увид, а полицијата работи на расветлување на случајот.

OhridNews