Автомобил пропадна во ендек кој ги раздвојува коловозните ленти на патниот правец Охрид – Св. Стефан кај Славија. Не е прв пат автомобил да пропадне во овие канали, а мештаните и вработените во околните објекти велат дека возачите често ги игнорираат опасните ендеци и неретко тука возат со поголема брзина од дозволената.
Автомобил пропадна во ендек кај Св. Стефан