Во СВР Охрид, вчера, околу 20 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум патничко моторно возило „Цитроен Ц1“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишен холанѓанец удрило во 54-годишно лице од Охрид.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо-Охрид“ каде му е укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид.

OhridNews