Охриѓанецот Сашо Трајчевски е најновиот добитник на авотомобил Поло кој деновиве имал среќа да купи добитен инстант лоз од државната лотарија Среќни тркала.

Трајчески кој е пасиониран играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, покрај добитната грепка, имал купено уште неколку лоза.  Интересно е што токму добитната грепка била последна за продавање, па продавачката претходно имала намера да си ја купи за себе, но случајно решила да му ја отстапи на Сашо. Тој пак, не ја изгребал веднаш, туку тоа одлучил да го направи во својот дом. 4те тркала од лозот симболично му откриле дека следниот автомобил Поло од 2та серија Среќни тркала е токму негов.

Клучевите од новиот автомобил на Трајчевски му беа предадени во Охрид, кај киоскот каде ја купил грепката.