Автомобил марка „Пежо“ претпладнево заврши во Охридското Езеро.

Неофицијално до инцидентот дошло поради невнимание. На возилото кое било паркирано на градскиот кеј не била подигната рачната кочница и не било во брзина, по што тоа се спуштило во езерото, констатирала сообраќајната полиција. Предизвикана е помала материјална штета на возилото.

OhridNews