Група истражувачи и дизајнери од универзитетот во Ковентри произвеле тркачки автомобил прилагоден за натпреварување во формула 3 на база на брастителни влакна кои се движат на чоколадо и развива брзина од 230 км на час. Дизајнерите се надеваат дека екотехнологијата наскоро ќе ја применуваат и тимовите на формула 1 како Ферари и Мекларен.
Автомобилот наречен еко 3 е изработен од рециклиран материјал во комбинација со растителни влакна, има волан од морков, каросерија од компир, кочници од орев и седишта од соја а неговиот мотор работи на чоколадо и растително масло. За неговата изградба се користени растителни влакна и смола, а со рафинирање на маслото од чоколадото е добиено горивото.