Најстариот автомобил на светот бил продаден на аукција во Пенсилванија за 4,5 милиони долари. Автомобилот Де Дион “Steam Runabout” од 1884 година бил продаден на непознат купувач пред преполната сала во која била одржана аукцијата.


Автомобилот кој се движи на вода имал почетна цена од околу 500 илјади долари. Стариот автомобил бил во сопственост на исто семејство веќе 81 година пред да биде продаден во петокот. Освен тоа, тој е и првиот автомобил кој бил користен за трки.